Повторно е регистриран земјотрес во близина на италијанскиот брег во Јадранското Море.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, се случил на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на 61 километар од италијанскиот град Римини, објави Index.hr.
Италија завчера ја погоди земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала со епицентар во морето меѓу Анкона и Римини.
Во Хрватска најмногу се почувствувало на брегот.
На слична локација вчера се случи земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.