Хороскопот открива дека планетата на изобилството и среќата – Јупитер, ја започнува својата ретроградна фаза на 28 јули, односно почнува да се движи наназад до 23 ноември.
Месеците на ретрограден Јупитер, планетата која најмногу се поврзува со среќата, може или да ви го забават патот до успехот или целосно да го променат, а дефинитивно се препорачува претпазливост. Овој аспект е поврзан со застој во растот, одложување на плановите и сомнително среќни околности.
Астролозите истакнуваат дека Јупитер е планета на проширување, ги поттикнува најдобрите особини на личноста, го зголемува чувството за дарежливост, носи смеа и радост. Тој дејствува на раст, унапредувања и победи. Меѓутоа, кога ќе започне ретроградноста, работите се менуваат.
Јупитер се движи ретроградно приближно на секои 9 месеци. Многу работи нема да ве изненадат, но ќе сфатите дека овој период на стагнација може да биде важен и поучен за вас.
За време на ретроградноста на Јупитер во 2022 година, повикани сме да го запреме растот на бизнисот или да ги паузираме нашите студии, со цел да направиме сметка и да процениме каде стоиме. Ова се случува поради една причина – мораме да сфатиме кои следни потези и чекори ќе ги преземеме.
Овој пат Јупитер ќе биде во знакот Риби, па астролозите предлагаат да размислите за работата, среќата, имотот и финансиите. Денот кога Јупитер се чини дека е неподвижен на небото, непосредно пред да го смени курсот и да тргне во ретроградна насока, е 28 јули 2022 година. Јупитер овој ден е во огнен, младешки Овен, па чувствата се импулсивни и промените се неверојатно брзи.
Истиот ден нè очекува јулската млада месечина во знакот Лав, чија енергија симболизира нов почеток, подобра комуникација и среќни прилики.
Кога овие две енергии се носат, можно е да знаеме на која врата да тропнеме, од каде да почнеме, што да смениме.
Ретроградната фаза на Јупитер ќе заврши на 23 ноември 2022 година, кога планетата на изобилството ќе се движи директно. Постретроградната сенка ќе трае до Денот на вљубените 2023 година, давајќи ни шанса за пресврт. Тогаш е вистинско време да се обидете повторно, да ги искористите можностите и да започнете проток на добри промени.
Влијанието на Јупитер може да биде возбудливо и се однесува на сè што има тенденција да расте и да се развива – од учење, материјални работи, до развој на љубовни врски. Меѓутоа, сега тоа има „помрачно“ ефект врз нас, односно може да не натера нешто да одложиме, да го поместиме. Но, на крајот, можеме да разбереме дека сè требаше да биде. Внимавајте да не погрешите, да не донесете избрзана одлука или да усвоите некои лоши навики.
Ретроградниот Јупитер започнува со Овен, па можно е да ве поттикне да ги поместите границите, да се борите, да се туркате и покрај препреките. Ова понекогаш може да биде исцрпувачки, но можете да научите лекција за трпение.