Регионалната влада на Сицилија прогласи вонредна состојба на шест месеци поради пожарот што беснее на италијанскиот остров од крајот на јули.

Advertisements

Претседателот на регионалната влада, Нело Мусумечи, преку „Фејсбук“ рече дека неговата одлука е донесена поради неочекувано високите температури и абнормалните временски услови, што ќе претставуваат ризик во наредните недели, објави „Канбера тајмс“.

Во меѓувреме, во Калабрија, телата на маж и жена се пронајдени на фарма во Сан Лоренцо, откако пожар зафати плевна и друга зграда на имотот. Двојката се обидувала да ја спаси маслиновата градина од пламенот, кога се случила трагедијата.

Прикажи повеќе