Репрезентацијата на Швајцарија извојува извонредна победа над Србија во последниот натпревар од натпреварувањето во групата Г, кој помина со многу емоции и тензии. Џердан Шаќири го отвори резултатот во 20. минута со силен удар. Србија возврати и направи целосен пресврт со головите на Митровиќ и Влаховиќ, но Емболо на крајот од првото полувреме израмни на 2-2. Следен беше Фројлер, кој го постигна третиот гол за Швајцарците со што го обезбеди патот до 1/8-финалето, каде ќе ги одмери силите со Португалија.

Advertisements

Покрај тоа што постигна важен гол против Србија, Џердан Шаќири постави и нов личен рекорд, станувајќи првиот и единствен швајцарски играч кој постигнал последователни голови на 6 големи фудбалски натпреварувања, 3 Европски и 3 Светски првенства. Во „Бразил 2014“ Шаќири постигна 3 гола против Хондурас, во „Русија 2018“ даде 1 гол против Србија и истото го повтори и во Катар 2022 година.

Предводникот на швајцарскиот среден ред Гранит Џака се покажа како еден од главните играчи во квалификациите на Швајцарија во следната фаза. Тој ги доби сите битки на средината на теренот, притоа останувајќи смирен на провокациите на српските играчи. Иако Џака ризикува казна или парична казна од ФИФА, на крајот од мечот беше виден како славеше со дресот  на Ардон Јашари.

„Немаше ништо политичко во тоа. Тоа беше посветеност на Ардон, кој е млад и во подем, кого  го советувам и  заслужува голема почит за она што го прави“, изјави Гранит Џака, фудбалер на Швајцарија.

Гранит Џака беше избран и за најдобар играч на натпреварот. .

Натпреварот меѓу Србија и Швајцарија повеќе личеше на бојно поле отколку на фудбалски натпревар. Вербалните и физичките провокации во текот на играта не изостанаа од страна на српските фудбалери. На едно видео јасно може да се слушне како група навивачи, во хор викаат „убиј, убиј го Албанецот“.

Во меѓувреме српскиот тренер Драган Стојковиќ Пикси не можеше да се помири со поразот со 3-2. Светските медиуми го фатија моментот кога Пикси ги пцуеше албанските фудбалери, по вториот гол на Влаховиќ.

После победата, во многу градови се славеше. Со автомобили и национални знамиња стотина граѓани ја прославија победата на Швајцарија против Србија и на тој начин ја изразија својата поддршка за репрезентацијата каде настапуваат и 3 албански фудбалери, Гранит Џака, Џердан Шаќири и Ардонит Јашари.

Во меѓувреме, репрезентацијата на Швајцарија постави уште еден рекорд во својата историја, откако 5-ти пат по ред е дел од светските и европските првенства во кои ја минува групната фаза. Швајцарија е единствената, заедно со Франција, од европскиот континент која има вакво достигнување. Следен натпревар за Швајцарија е со Португалија, на 6 декември во 20.00 часот./Alsat.mk

Махир Тачи

.