Во услови на глобална пандемија, кога сѐ поголем е бројот на оние кои прележале ковид-19 или имаат активна инфекција, сигурни сме дека сте го сретнале терминот Д-димери. Доколку не ви е сосема јасно, од клиниката „Жан Митрев“ ни даваат корисни информации: Кога се појавува? Кои се нормални, а кои покачени вредности? Како да се влијае на негово намалување?
Д-димерите покажуваат вредности поврзани со разградување на тромб во организмот. Во таков случај, нивоата на Д-димер во крвта може да се зголемат.
Појавата на тромб, и со самото тоа покачување на вредностите на Д-димерите можат да бидат резултат на најразлични состојби. Тромб или тромбови претставуваат чепови од згрутчување на крвта, која може да се движи низ крвните садови и да блокира нормално функционирање на органите, предизвикувајќи нивно откажување. Во нормални услови кога ќе се исечеме на пример, телото реагира така што се активира коагулација т.е телото произведува тромбови – засирувања на крвта со цел да се запре крварењето.
Што значи висок Д-димер во контекст на ковид-19?
Ако резултатите покажуваат повисоки вредности од нормалното ниво на Д-димери, тоа значи дека имате нарушување на коагулацијата на крвта и можност за создавање на тромбови. Но тоа пак не прикажува каде е тромбот или каков вид нарушување на коагулацијата имате.
Кои се нормалните вредности на Д-димерот?
Нормалниот опсег за Д-димер е помал од 0,5mg/ml. Негативен резултат на тест со Д-димери значи дека многу веројатно нема да се формира тромб. Позитивен означува можност за формирање тромбови, кои потоа можат да се движат низ крвотокот и да блокираат органи. Затоа важно е во ваков случај да се примени терапија, која ќе го намали овој ризик.
Што значи тромб во белите дробови?
Белодробната емболија се јавува кога тромбот се сместува во пулмонална артерија и го блокира протокот на крв во дел од белите дробови. Згрутчувањето на крвта обично потекнува од нозете и се движи по десната страна на срцето и потоа се сместува во белите дробови.
Како се дијагностицира длабока венска тромбоза?
Доплер ултразвук е тест кој користи звучни бранови за генерирање на слики и испитување на протокот на крвта во вените. Доплерот може да открие блокади или згрутчување на крвта во длабоките вени. Тоа е стандарден начин на дијагностицирање на длабока венска тромбоза.
Како треба да се храните за да ја избегнете појавата на тромбоза?
Неколку природни разредувачи на крвта се: лук – оваа храна е корисна за спречување на згрутчување на крвта, бидејќи има својства што ги намалуваат коронарните ризици; кромид – пожелно е да се јаде сиров; ѓумбир; витамин Е; куркума; омега 3; црвено вино, вода.
Во составот на дијагностичкиот центар на клиниката „Жан Митрев“ работи современа биохемиска лабораторија каде што може да направите анализа на Д-димери. Информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484.