Одбивањето на продуцентите да се одложи големото телевизиско интервју на Меган Маркл и принцот Хари кај водителката Опра Винфри би можело да ја активира „дипломатската бомба“ доколку здравјето на принцот Филип се влоши, тврдат изворите.
За големото интервју кое бремената војвотка Меган Маркл (39) и принцот Хари (36) го дадоа во телевизиското гостување кај Опра Винфри, а кое премиерно ќе биде објавено на 7-ми март се зборува веќе некое време. Меѓутоа, поради здравствената состојба принцот Филип кој се лекува од инфекција во болница, се поставува прашањето дали емисијата на „CBS“ ќе биде повлечена.
Продуцентите на интервјуто одбиваат да го повлечат емитувањето на експлозивниот разговор кој славната водителка го сними со војвотката и војводата од Сасекс, дури и доколку здравствената состојба на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета се влоши, пишува Мирор.
Се уште не е познато дали принцот Хари упатил барање за повлекување на бомбастичното интервју до Опра Винфри или продуцентите поради здравјето на неговиот дедо, кој вчера беше префрлен во друга болница за да продолжи со лекувањето.
Да се потсетиме, се шпекулира дека во споменатото интервју кралскиот пар ќе зборува за тензиите во внатрешноста на кралското семејство, борбата која ја воделе со медиумите, повлекувањето од кралските должности и преселувањето во Америка, потоа за синот Арчи и бебето кое го очекуваат.
Опра Винфри ова интервју сама го нарече – најдоброто интервју кое го направила во животот.