Одбојкарската репрезентација на Македонија беше поразена од репрезентација на Днаска во финалето на Европската Сребрената лига со 1:3 во сетови.

Натпреварот кој се играше пред публика во Салата „Парк“ во Струмица, заврши со победа на Данска.  Нашата репрезентација одлично го започна натпреварот. Првиот сет ни припадна нам (25-23), но веќе во вториот Днаска изедначи на 1:1 (19:25).

Третиот сет се играше поен за поен. Нашата репрезентација имше шанса, но сепак сетот му припадна на Данска со 25:27 за водство од 1:2.

Македонија го бараше изедначувањето во четвртиот се, но сепак и овој сет му припадна на Данска со 19:25 и издвојува поеда од 1:3 над Македонија.