Шпанија ќе испрати најмалку 130 војници и осум авиони Ф-18 во Романија следниот месец за да го зајакне источното крило на НАТО, изјавија на заедничка прес-конференција шпанскиот премиер Педро Санчез и неговиот романски колега Николае Чука.
Шпанија, исто така, ја потврди својата поддршка за „итно“ и „целосно“ присоединување на Романија во Шенген зоната, се вели во заедничката изјава на двајцата премиери, објавена по повод првата заедничка владина седница на Романија и Шпанија.
„Двете земји сакаат да постигнат договор во рамките на Европскиот пакт за миграција и азил, кој го одразува принципот на правично споделување на одговорностите и солидарноста. Шпанија ја повторува својата поддршка за брза и целосна интеграција на Романија во Шенген зоната“, се нагласува во документот потпишан од двајцата премиери.