Земјите од Европската унија, Хрватска, Романија и Бугарија ги исполнуваат условите за да станат полноправни членки на Шенген зоната без пасоши, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. „Шенген е едно од најголемите достигнувања на Европската унија, и ние треба да го заштитиме и развиваме.
Тоа, патем, значи затворање на преостанатите празнини“, наведе Шолц, додавајќи: „Хрватска, Романија и Бугарија ги исполнуваат сите технички услови за полноправно членство. Ќе работам да станат полноправни членки“.