Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија се подготвила за тешкотии поради недостигот на руски гас и е подготвена да ја помине зимата без прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Advertisements

Тој рече дека Владата донела одлука за продолжување на работата на термоцентралите и нуклеарните централи и додаде дека се полнат складишта за гас и оти се градат терминали преку кои ќе се прима течен природен гас (ЛНГ).

– Таквите одлуки ни помогнаа да обезбедиме стабилност на енергетските извори во Германија и веројатно ќе ја пребродиме оваа зима, рече Шолц.

Германија доби околу 60 милијарди кубни метри природен гас преку гасоводот Северен тек 1 во 2021 година.

Гасоводот неодамна беше оштетен при саботажа, а Берлин сега сака да увезува ЛНГ, но мора да изгради доволен број терминали кои ќе можат да го примаат гасот.

Досега завршен е само еден и ќе почне со работа во јануари, а германската влада планира до крајот на 2023 година да изгради седум мобилни терминали за прием на ЛНГ на бреговите на Северното и Балтичкото Море со капацитет од повеќе од 30 милијарди кубни метри.

Прикажи повеќе