Второпласираниот тим во македонското фудбалско првенство Шкупи потпиша денеска договори со четворица интернационалци пред вториот дел од сезоната која продолжува в недела.

Нови засилувања во редовите на Шкупи, како што е соопштено попладнево, се репрезентативецот на Фарски Острови, Јоан Симумн Едмундсон, бразилскиот крилен напаѓач Виктор Дамасчено Де Оливеира, напаѓачот од Уганда, Емануел Аворно, како и неговиот сонародник Абдул Руатубуаје, кој по едногодишна пауза се враќа во македонскиот прволигаш.

Шкупи заостана бод зад лидерот Струга по есенскиот дел од сезоната, која составот од Чаир ја продолжува в недела на домашен терен против Воска во рамки на 19 прволигашко коло.