Македонската фудбалска јавност вчера сведочеше на вистински хаос во Чаир каде што беа нападнати фудбалерите на Шкендија од навивачката група на Шкупи.

Advertisements

Инцидентот се случи уште во деветтата минута од средбата по голот на Дашмир Елези. Денес Шкендија излезе со соопштение за овој настан и повик да прекин на омразата помеѓу двете навивачки групи.

Фудбалот е натпревар, но целта е да се соберат што е можно повеќе луѓе заедно и да уживаат. Фудбалот ги привлекува различните луѓе. И како што вели спонзорот на Шкендија: „Не го правиме тоа на начин кој предизвикува насилство“.

После сите работи кои се случија во Чаир во прекинатиот меч од четвртфиналето на Купот меѓу Шкупи и Шкендија, овој пат клубот нема да излезе со соопштение за осуда за нападот на играчите, за навредите и пцовките од индивидуалци или нападот на нашиот автобус по напуштањето на Скопје.

Шкендија како клуб повикува на ургентно стоп за оваа екстрена омраза и фанатизам меѓу двете навивачки групи, затоа што тоа не само што им штети на нашите клубови, туку и на невините луѓе кои немаат ништо со фудбалот.

Не е улога на Шкендија да посочи кој започнал, кој го продолжил, или кој е повеќе или помалку виновен! Шкендија е јасна – Стоп на омразата и немилите сцени на нашите натпревари!“, стои во клупското соопштение.