Турската актерка Бергузар Корел, која ја засакавме од турската серија „Илјада и една ноќ“, во главната улога на Шехерезад, го чека своето трето дете со сопругот, актерот Халит Ергенч кој го глумеше линкот на Онур Аксал во истата серија. Медиумите долго време шпекулираа дека нивниот брак е во криза, но со оваа прекрасна вест парот конечно стави крај на негативните шпекулации, а „Величествениот“ ќе стане татко по трет пат.

Актерката ја дознала среќната вест уште на почетокот на снимањето на еден нов телевизиски проект, кој веднаш го откажала, за да може да се посвети на себе и одржувањето на здрава бременост.

Откако не бев на малите екрани три години, за време на неколкумесечните подготовки за улогата во серијата „Кнали Јаи“, дознав дека сум бремена. Иако бременоста не ме спречи да продолжам со проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физичките промени кои не беа соодветни за мојот карактер. Не ми е лесно да се збогувам со одличната екипа со која работев. Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од кои научив многу и со кои поминав низ прекрасниот процес на креирање на овој проект. Моја желба е нашите патишта да се сретнат повторно – напиша Корел, додавајќи:

– Од моментот кога објавив дека сум бремена, не можев да одговорам поединечно на бројните честитки и прекрасни пораки. Ме направивте многу среќна, ви благодарам многу, напишала актерката.