Соединетите Американски Држави се во вселенската трка и постои ризик Кина да одлучи да бара дел од Месечината како своја територија, изјави шефот на НАСА, Бил Нелсон.

Како што рече Нелсон, Американците „подобро да внимаваат“ затоа што Кина користејќи го изговорот за научни истражувања, може да заврши со база на Месечината.

Тој се плаши дека кинеските претставници ќе речат: „Останете подалеку од ова место, ние сме тука, ова е наша територија“. Нелсон се надева дека Американците побрзо ќе стигнат на Месечината, но нагласи дека датумот на кинеското слетување е „се поблиску и поблиску“, пренесува Политико.

Шефот на Роскосмос, Јуриј Борисов, најави потпишување на меѓувладин договор меѓу Русија и Кина за создавање научна лунарна станица. Од 2011 година, САД ја исклучија Кина од проектите за истражување на вселената во кои е вклучена НАСА.

Нелсон истакна дека САД веќе се натпреваруваат со Кина во оваа индустрија. „Подобро е да се погрижиме тие да не стигнат до некои од најбогатите области со ресурси прво под маската на научни истражувања“, рече Нелсон.

Како аналогија, шефот на НАСА ја посочи ситуацијата во Јужното Кинеско Море, каде кинеската војска воспостави бази на спорните територии.

На 25 декември, Кинеската корпорација за наука и технологија за воздухопловство (CASC) објави дека астронаутите ќе слетаат на Месечината до 2030 година, а во 2030-тите ќе биде основана Меѓународната станица за истражување на Месечината (ILRS) предводена од Кина.

Претходно, воениот политиколог, вонреден професор по политичка анализа на рускиот економски универзитет „Плеханов“, Александар Перенџиев, изјави дека Русија и Кина имаат заеднички интереси во развојот на вселенските активности, како и конкуренцијата со САД.

„Ако нашите земји не се стремат да стигнат до Месечината што е можно поскоро и да ја контролираат, САД ќе го направат тоа, а ние ќе дојдеме на окупирано место“, предупреди тој.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.