Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска негира дека како потпретседател на СДСМ ќе се реизбере во пакет со лидерот Зоран Заев затоа што начинот на избор е различен.

„За мојата функција ќе важи истото што важеше и досега, а тоа е избор на Конгрес. Претседателската позиција се бира на еден начин, а заменик- претседателската се бира на Конгрес како и досега”, рече Шекеринска во гостувањето во Телма во врска со демократизација на партијата, која за прв пат ќе го избере лидерот на непосредни избори.

Шеќеринска вели дека изборот на претседателот на непосредни избори е чекор во демократизација на партиите бидејќи во минатото од старнските и домашните експерти било посочено како сива зона.

„И овој пат СДСМ ќе биде прв. Ние кога пред извесно време дискутиравме и направивме чекор за родов партитет, исто изгледаше шокантно, ама со тек на време другите партии мораа да не следат. СДСМ  на секој свој член му дава шанса да избере претседател”, додаде Шекеринска.