Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде денеска во Брисел му ги предаде дипломатските документи на палестинскиот премиер Мухамед Мустафа, што е последен потег на таа скандинавска земја со цел да ја признае Палестина.

Премиерот Мустафа в понеделник во главниот град на Белгија ќе се сретне со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија и со високи претставници на блокот.

Ирска и Шпанија, како и Норвешка, најавија признавање на Палестина, што е исто така историски потег по повеќе од седум месеци војна против Хамас во Газа.

Официјалното признавање од Норвешка, Шпанија и Ирска, кои имаат пријателски односи и со Израелците и со Палестинците и долго време се залагаат за палестинска држава, е планирано за в четврток.