Северна Кореја вечерва објави дека нејзините ракетни тестови се самоодбрана од директни воени закани на САД и дека не ја загрозуваат безбедноста на соседните земји и региони, јави државната новинска агенција КЦНА, а пренесе Ројтерс.
Пред два дена Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на источниот брег, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.
Последното лансирање следува по заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД и враќањето на американскиот носач на авиони во регионот.
Лансирањето беше шесто во последните 12 дена и прво од минатиот вторник, кога Северна Кореја истрела ракета со среден дострел над Јапонија,пренесе Блиц.рс.