Северна Кореја денеска лансираше две нови балистички ракети, шести пат за помалку од две недели. Пјонгјанг соопшти дека тоа е „само одмазда“ за воените вежби на Вашингтон, а Сеул во регионот. Јужнокорејската војска објави дека две ракети со краток дострел биле лансирани од околината на Пјонгјанг кон Јапонското Море.
„Станува збор за „праведна одмазда на Корејската народна армија против заедничките воени маневри на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави кои водат до ескалација на воените тензии на Корејскиот полуостров“, соопштија севернокорејските власти. Јапонската крајбрежна стража го потврди лансирањето. „Ова шесто лансирање за помалку од две недели е „апсолутно неприфатливо“, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида.