Поранешната американска глумица Меган Маркл, сопруга на британскиот принц Хари, ја почна својата интернет-емисија во којашто ќе ги разоткрива клишеата за жените, како што се најавува. Нејзина прва гостинка беше тениската ѕвезда Серена Вилијамс.

Најавените 12 епизоди од „Архетипи“ – име што потсетува на името на нејзиниот син Арчи, ќе бидат полни „интимни и искрени“ разговори меѓу восителката и нејзините гости. Ова се наведува во претставувањето на емисијата на мобилната апликација Спотифај.

Во првата епизода, Маркл и Вилијамс, инаку пријателки од Лос Анџелес, зборуваат, меѓу другото, за амбицијата и различните значења што зборот може да ги има кога се однесува на жената.

– Не се ни сеќавам дека лично ја почувствував негативната конотација на зборот „амбициозни“ додека не почнав да излегувам со мојот сопруг (принцот Хари, б.н.). И очигледно, според некои, амбицијата е ужасна работа – барем кога се однесува на жените, вели Меган.

На почетокот на август, Вилијамс објави дека ќе се повлече од теренот по 25 години и 23 „Грен слем“ титули. Таа рече дека сака „да се сосредоточи на тоа да биде мајка“ и на нејзините духовни цели.

Принцот Хари и се откажаа од кралскиот живот во Велика Британија во 2020 година и се преселиле во Калифорнија, каде што сега живеат со своите две деца. По пристигнувањето во САД, тие создадоа неколку соработки, вклучително и профитабилни партнерства со Нетфликс и Спотифај. Се очекува принцот Хари да ги објави своите мемоари до крајот на годината.