Светот со нетрпение ги очекува ексклузивните видеа од домот на Михаел Шумахер.

Седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер доживеа стравична несреќа на француските Алпи во 2013 година и оттогаш неговата здравствена состојба останува мистерија.

Најголем дел од лечењето на Михаел Шумахер се одвива во неговиот дом во Швајцарија, а малкумина имаат привилегија да го посетат поранешниот возач на Рено, Ферари, Мерцедес…

Претседателот на ФИА и поранешен прв човек на Ферари, Жан Тод, е еден од ретките лица кои имаат дозвола да го посетуваат Шумахер, и по последната посета во септември минатата година изјави дека Михаел Шумахер се бори.

Сега целиот свет ќе дознае за здравствената состојба на седумкратниот Ф1 шампион бидејќи наскоро треба да излезе документарен филм. Филмот требаше да излезе во 2019 година, но беше одложен за 2020 година, а пандемијата на коронавирусот одново го одложи и тоа за оваа година.
Филмот е завршен и според авторите во него ќе има досега невидени снимки од Шумахер кои ги одобри неговото семејство.
– Возбудени сме поради соработката со семејството Шумахер и неговите менаџери. Без нивната помош, овој филм немаше да се реализира – изјави продуцентот Бенџамин Сикел.