Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради ковид.
Групата „Ожалени семејства кои бараат правда“ сака да ја принуди владата да спроведе јавна истрага за начинот на кој Британија се бори против пандемијата, објави „Дејли меил“.
– Advertisement –
Досега, Џонсон одби да нареди експертско испитување на владиниот одговор на пандемијата, барајќи прво да се намали ризикот од нови инфекции.
Адвокатите велат дека огромен број Британци починале „непотребно, поради грешки на владата“ и дека истрагата мора да се спроведе и поради човековите права, пишува лондонски Тајмс.
Групата тажни семејства велат дека сакаат да спречат повторно да се случат голем број смртни случаи, и по тој повод тие напишаа порака на нивната веб-страница:
„Семејството и членовите на државата заслужуваат одговори“.