Кантавторката и пејачка Селена Гомез навести потенцијално повлекување од музиката, велејќи дека можеби повеќе сака да се посвети на актерството.
28-годишната ѕвезда во интервју со „Vogue“ прозборе за својата долга кариера како актерка и пејачка откривајќи дека во иднина повеќе би сакала да се занимава со глума.
„Тешко е да продолжите да создавате музика кога луѓето не ве сфаќаат сериозно“, искрено раскажа Гомез.
„Сум имала моменти кога сум се прашувала дали сево ова има поента. Зошто продолжувам да го правам ова? Мислам дека „Lose You to Love Me“ е мојата најдобра песна што некогаш сум ја објавила, а за некои луѓе, повторно не беше доволно добра“, вели таа.
Селена вели дека сака да се обиде за последен пат пред можеби да се повлече од музичката кариера.
„Мислам дека има многу луѓе кои уживаат во мојата музика, затоа сум многу благодарна, за нив продолжувам но мислам дека следниот пат кога ќе направам албум ќе биде поинаку. Сакам да го дадам последниот обид пред можеби да се повлечам од музиката“, изјави ѕвездата.
Селена, која моментално работи на серијата „Only Murders in the Building“ во продукција на „Hulu“ подоцна појасни дека ќе биде претпазлива со своите одлуки.
„Не сум допрела ни малку од она што сакам да го направам. Улогите што ги сакам се оние за кои ми треба помош. Не можам да го дочекам моментот кога режисерот ќе види дека сум способна да направам нешто што никој не успеал да го направи досега“, вели таа.
Стив Мартин кој глуми во „Only Murders in the Building“ ја пофали глумата на Гомез, велејќи дека таа станала вистинска ѕвезда на шоуто.