Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села поради болки во градите од синоќа е хоспитализиран на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. Од партијата за Плусинфо велат дека здравствената состојба на Села е стабилна. Тој прво бил примен во охридската болница, но потоа бил префрлен на скопските клиники. За ова информира и партискиот портпарол Флакрон Беџети на Фејсбук.
– Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности – напиша Беџети на Фејсбук.
Според информации на Плусинфо, Села сѐ уште е на Клиниката за кардиологија во Скопје.