23-годишниот Бугарин од градот Охрид Христијан Пендиков има повеќе испукани пршлени, ребра и скршена вилица. Пендиков синоќа бил нападнат во грб од Илија Спасески и уште две лица, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

Нападот е извршен синоќа околу 22 часот по бугарско време пред ресторанот „Тино“. Пендиков бил заедно со уште една девојка. Пред да излезе од кафеана бил навредуван и испровоциран од групата на Спасески со целиот официјален арсенал на државната идеологија во РС Македониja: бугараш, татар, фашист, ќе ви ја….мајката бугарска.

Тој моментално се наоѓа на лекување во локалната болница. Се чека неговото транспортирање и префрлање во болница во Скопје.

Пендиков е секретар на месното бугарско друштво. Пред еден месец беше во Софија и детално опиша што се случува со Бугарите во РСМ, но засега нема ниту една официјална реакција ниту во Софија, ниту во Скопје за опишаните случаи на терор и репресија врз локалните Бугари.

Репортерот на БГНЕС јави дека има снимки од камери на кои јасно се гледа кои се напаѓачите, кои се провокатори и извршители на злосторството. Самиот репортер е запознаен со снимката, јавува БГНЕС.