Чејс Пауст, седумгодишно момче, пливало речиси еден час за да побара помош за своето семејство, кое се заглавило во река во Флорида откако го однела силна струја.
Таткото Стивен Пауст ловел риба со својот брод што бил закотвен, додека неговите две мали деца пливале во близина. Одеднаш надошла силна струја, која ја одвлекла неговата ќерка од бродот. Кога Чејс се обидел да ја фати, и него го однела струјата.
– Јас многу се исплашив – изјавил Чејс за порталот „Јаx4“.
Таткото веднаш скокнал во вода за да ги фати децата, но тие отишле предалеку. Му викнал на својот син да продолжи да плива до брегот, кој бил оддалечен повеќе од еден и пол километар.
– Им реков дека ги сакам, бидејќи не знаев што ќе се случи – рекол таткото Стивен за „Јаx4“.
Кога Чејс допливал до брегот, отишол до најблиската куќа и побарал помош. На крајот, противпожарната – спасувачка служба во Џексонвил, шерифот и Комисијата за заштита на рибите и дивите животни на Флорида го спасиле семејството. Стивен и неговата ќерка биле во вода околу два часа пред да бидат спасени, а сега сите се добро и на безбедно.
– Чејс успеа и тоа ни ги спаси животите – рекол Стивен.