Седум пациенти починале од ковид-19 во Македонија за една недела, покажува последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кој се однесува за периодот од 14 до 20 ноември. Од починатите лица три од Скопје и по еден во Крушево, Ресен, Дебар и Македонска Каменица.

Според извештајот на ИЈЗ потврдени се 179 нови случаи на болеста од 2.829 тестирања. Во моментов активни се 170 случаи на ковид-19.

Најголемиот број од новите ковид случаи – 120 се во Скопје. Од почетокот на епидемијата со ковид-19 во Македонија починале 9.588 лица.

Министерството за здравство престана да испраќа до медиумите дневни билтени со заразени, починати и активни случаи, а ИЈЗ продолжи на својата веб-страница да објавува неделни извештаи.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.