Вооружен маж уби седум лица во американската сојузна држава Калифорнија во близина на Сан Франциско пред да биде уапсен, само два дена по нападот во кој загинаа 11 лица. Последниот напад се случи на две одвоени локации во заливот Халф Мун, на околу 50 километри јужно од Сан Франциско. Според локалните медиуми, станува збор за земјоделски имоти. Напаѓачот е идентификуван како Жао Чунли, локален жител со азиско потекло. Новиот напад се случи два дена по убиството на 11 лица во сала за танцување во паркот Монтереј, каде живее мнозинството од азиското малцинство, за време на прославата на Лунарната Нова Година.

Првите четири жртви биле пронајдени на фарма за печурки, додека другите три биле пронајдени во блиската камионска компанија. Инспекторите се уште не го објавија мотивот за овој напад. Жртвите се кинески земјоделски работници, според локалните власти. Информиран е и американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави неговата портпаролка, додавајќи дека побарал од федералните безбедносни сили да им ја пружат сета можна помош на локалните власти.

Прикажи повеќе