Докторот од Инфективната клиника П’лумб Пиперо е позитивен на Ковид-19, јавуваат албанските медиуми.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, на докторот вчера му е потврден позитивен тест на корона вирус.
Моментално е на домашно лекување, а како што вели и самиот доктор позитивниот тест можеби е резултат од вакцинирањето против корона кое го извршил пред неколку дена.
За да биде одстранет секој сомнеж, се очекува доктор Пиперо да направи уште еден тест поле 72 часа.