Кристијано РОНАЛДО потпиша за фудбалскиот клуб Ал Наср од Саудиска Арабија. Неговата партнерка Георгина Родригез се преселила со нивните деца во Ријад. Роналдо и Џорџина имаа проблем при селењето поради локалниот закон. Имено, според нивниот закон, вонбрачните партнери не смеат да живеат заедно. Сепак, саудиските власти решија да замижат пред овој прекршок на Португалецот и Шпанката.
Се запознале во продавницата на Гучи
Двојката се запознала во 2016 година, кога Роналдо дошол во продавницата на Гучи во центарот на Мадрид каде Џорџина била вработена. “Се тресев цела кога го видов. Веднаш ми го привлече вниманието. Запали еден вид искра во мене”, се присетува подоцна Џорџина.
Неколку дена подоцна, Џорџина и Роналдо се запознале на моден настан. “Тогаш можевме да разговараме во опуштена атмосфера. Не бев на работа, па бев поприродна. Тоа беше, за двајцата, љубов на прв поглед”, рекла Џорџина. Наскоро тие започнаа љубовна врска, а Џорџина престана да работи во продавницата бидејќи печатот постојано доаѓаше да ја види новата девојка на Роналдо.
Кога Роналдо немаше фудбалски обврски, парот одеше заедно во ресторани, модни настани, премиери, гала вечери… „Да се биде партнер на некој толку познат не е лесно, но никогаш не би го променил тоа. Што чувствувам за него не може да се опише.
Минатата година изгубија бебе
Џорџина и Роналдо го загубија своето дете за време на породувањето во април минатата година. Во октомври 2021 година објавија дека очекуваат близнаци, на 18 април 2022 година родила девојче Бела Есмералда, но синот за жал починал.
“Оваа година беше најкомплицираната во мојот живот, најсреќниот момент стана најтажен. Тоа е нешто што ќе ме следи до крајот на мојот живот и што нема да можеме да го заборавиме”, изјави Џорџина за шпански Elle.