Шеснаесет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Лагос, Нигерија.

Advertisements

Државниот координатор на Националната организација за безбедност на патиштата (FRSC), Олусегун Огунгбемиде, рече дека патнички автобус и камион се судриле на експресниот пат Аларо – Епе во Лагос.

Огунгбемиде изјави дека по несреќата избувнал пожар во кој загинале 16 лица.

Повредени се голем број луѓе.

Огунгбемиде рече дека меѓу повредените има и такви кои се во тешка состојба.

Тој додаде дека до несреќата дошло поради пребрзо возење на возачот на камионот.

Прикажи повеќе