Поминаа 11 години од објавувањето на Somebody That I Used To Know, а само што достигна две милијарди прегледи на YouTube.

Хитот на белгиско-австралискиот музичар Gotye се најде на врвот на топ-листата Hot 100 на Billboard и стана најпродавана песна во 2012 година, најмногу поради уникатното музичко видео.

Видео кое ги помести границите

Во музичкото видео, Готи се појавува со новозеландската музичарка Кимбра. Сосема голи стојат пред празно платно кое почнува да се полни со бои, кои потоа се прелеваат врз парот.

Видеото испрати силна, симболична порака со која луѓето би можеле да се поврзат.

Две милијарди прегледи

Иако помина многу време, фановите сè уште го обожаваат хитот на Gotye, кој во тоа време го достигна врвот на музичките топ листи во 26 земји во светот.

„Секогаш се навраќам на оваа песна и веројатно ќе се враќам до крајот на мојот живот. Ремек-делата се вечни“, напиша еден Јутјубер во коментарите. „Две милијарди прегледи… Леле заслужено оваа песна е ремек дело“, додаде друг.

Иако ова е прилично голем успех, хитот на Gotye не е ни блиску до песната која го држи рекордот на YouTube со повеќе од 11 милијарди прегледи. Станува збор за детскиот хит Baby Shark Dance.