Прејадувањето, посебно ако 40 дена сте постеле, како што е постот за Велигден може да предизвика бројни здравствени проблеми.

Што му прави на телото ненадејниот премин на калорична исхрана по постот, објаснил гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ.

Од разните предјадења, па до печењето – од една страна ги имаме липидите, протеините, нитратите и огромното протеинско мрсно оптоварување и тоа е експлозија за стомакот и за желудникот.
Многумина кога ќе се прејадат посегнуваат по сода бикарбона со цел да ја намалат подуеноста, киселините во желудникот и на стомакот да му го олеснат варењето на храната. Колку сода бикарбоната навистина помага во тоа?

Ако сакаме да ја намалиме гастро-секрецијата, тогаш сода бикарбона се зема еден и три часа по оброкот, а не веднаш. Тоа е правило за земање на натриум бикарбонат. Ако се земе веднаш, тоа донесува моментално олеснување, а потоа е исто – објаснил д-р Перишиќ, кој вели дека класичното празнење се случува четири часа по оброкот, затоа овој „систем“ не помага.

А, што е со јаболковиот оцет? Дали тој помага кај прејадувањето ако се земе со топла вода, како што многумина препорачуваат?

Слабите киселини ги убиваат силните киселини. Јаболковиот оцет, односно таа слаба киселина ќе го потисне лачењето на хлороводородна киселина. Односно, ќе го потисне лачењето на желудочната киселина, така што ќе ви биде полесно. Тоа е тој феномен – објаснил д-р Воислав Перишиќ, кој се согласил со нутриционистите дека најпаметно е, сепак, јаболковиот оцет да се става во салатите.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.