Скоро 13 милиони луѓе погледнале видео од кинескиот возачки испит, кој е веројатно најтешкиот од ваков вид во светот.
Видеото се појави на Твитер пред неколку дена и стана вирално, а на него се гледа, иако малку матно, што мора да направи жител на Кина кој е способен да вози за да добие право легално да вози автомобил.
Опсегот на возење во Кина е неверојатно тесен, а просторот за маневрирање е речиси минимален, автомобилот поминува секакви пречки, од паркирање во рикверц, до возење во лудо тесен ротор, возење и маневрирање наназад, забрзување, сопирање и единствениот нешто што не смеете да го направите е да ја преминете белата линија.
Driver license exam station in China pic.twitter.com/BktCFOY4rH
— Tansu YEĞEN (@TansuYegen) November 4, 2022