По британскиот, бразилскиот и јужноафриканскиот се појави уште еден нов сој од корона вирусот, а откриен е во Финска, па го доби името фиснки сој.

За сега, како што јави финската телевизија YLE, се уште не е јасно дали сојот под име Fin-796H е поинфективен од другите. Вирусологот Оли Вапахалагти укажа дека ПЦР тестот, не го препознава финскиот сој на корона вирус како што тоа успева со другите соеви.

За други специфичности на финскиот сој нема многу податоци, освен дека има одредени карактеристики на мутацијата кои се присутни и кај британскиот и кај јужноафриканскиот сој. Вирусологот од Универзитетот во Турку, Илка Јулкунен, вели дека нема причина за загриженост.

„Немаме сигурни докази дека овој сој е позаразен или дека има последици по имунитетот на лицата кои прележале корона, односно кои се вакцинирале“, вели тој.

Финскиот институт за здравје засега не се огласил во врска со новиот сој.