Швајцарците потврдија дека Џака самиот избрал да не се вакцинира и се заразил во пресрет на квалификациските натпревари на својата репрезентација. Мурињо очигледно будно ја следи ситуацијата со овој фудбалер, па откако разбрал што се случило, коментирал на една фотографија на Инстаграм профилот на Џака.

– Гранит, вакцинирај и биди безбеден, – му порача отворено Португалецот на членот на Арсенал.

Швајцарската фудбалска асоцијација потврди дека репрезентативецот Гранит Џака одбил да се вакцинира за Ковид-19 пред да добие позитивен тест на вирусот. Играчот на Арсенал е во изолација и не му е на располагање на селекторот на Швајцарија, а шефот на ФА на Швајцарија Адриан Арнолд потврди дека Џака е еден од фудбалерите кои не сакал да прими вакцина против Ковид-19.