Јапонскиот сопственик на огромниот товарен брод „Ever Given“, кој заглави во Суецкиот канал, денес се извини за инцидентот што ја наруши глобалната пловидба.
Тој додаде дека работи со неговата компанија и локалните власти да исплови бродот, но, како што рекол, „операцијата е исклучително тешка“.
– Advertisement –
Бродот кој носи товар помеѓу Азија и Европа под знамето на Панама, се насука дијагонално во вторникот во тесниот вештачки канал што ја дели континентална Африка од Синајскиот полуостров откако изгуби контрола при силните ветрови и прашина, соопшти Управата на каналот Суец (СЦА), пренесува CNN.