Судот во Манчестер го осуди нарко босот Арам Шеибани, на 37 години затвор за криминален заговор за  дрога, затајување данок, перење пари и слични прекршоци во последната деценија.

Судот го осудил 40-годишниот мигрант од Ирак врз основа на докази од двегодишната истрага што ги опфатила сите гореспоменати криминални активности. Шеибани се обидувал да го прикрие богатството што го стекнал незаконски со „легална“ работа во секторот на недвижнини, па затоа во Алтринкам изградил империја вредна пет милиони фунти.

Една од причините за почеток на истрагата за нарко босот бил фактот дека за единаесет години тој законски ги пријавил своите приходи пет пати, но за прв пат тоа го сторил со помош на фалсификувана документација. Во неговиот стан во луксузното одморалиште во Алтринкам се пронајдени 167 илјади фунти готовина, а заедно со парите пронајдени на различни локации во негова сопственост, таа сума се искачила на милион и двесте илјади фунти. Покрај тоа, кај него биле откриени криптовалути во вредност од милион и триста илјади фунти, како и уметнички дела од Бенкси и Енди Ворхол.

Во претресите, полицијата пронашла количини на кокаин, екстази, кетамин, како и уреди за броење пари. Шеибани имал и два луксузни Бентли, Мерцедес и Порше.

Наркобосот водел многу гламурозен начин на живот, кој покрај автомобилите вклучувал и егзотични патувања, забави на јахти, но и естетска хирургија. Тој потрошил повеќе од триесет илјади фунти само на трансплантација на коса во 2013 година во Лос Анџелес.

Токму луксузот што им „ги удираше сите во лице“ била една од причините за покренување истрага против него.

Високиот инспектор за истраги Луси Пирсон е задоволна од пресудата и вели дека „Шеибани е криминалец и измамник кој се претставувал како успешен бизнисмен, користејќи лаги и измама“.

Петерсон додаде дека пресудата е „лекција за сите што живеат нечесен живот на криминалци и мислат дека можат да уживаат во луксуз засекогаш на штета на обичните граѓани“.

Дрогата што ја набавувал преку неговите колумбиски врски не биле насочени само кон Велика Британија, туку и кон пазарите ширум Европа.