„Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ си функционира. Тоа го гледаме секој ден.

Во Собранието денеска токму со гласовите на ДУИ власта обезбеди двотретинско мнозинство и беа усвоени измените на Законот за локална самоуправа.

Додека во јавност Мицкоски демек ги напаѓа во Собрание си ги реализираат диловите.

ВМРО-ДПМНЕ реализираше уште еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ.

Пред околу 1 месеци ДПМНЕ и ДУИ исто така со заеднички гласови формираа тело за следење на правична застапеност на заедниците.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и ЗНАМ на седница го заштитија Гаши од одговорност за сите скандали.

Значи наутро Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата и дека се криминалци а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички дилови со ДУИ.

Договарања под маса, манипулации и лажните јавни конфликти меѓу двете партии се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат“, се вели во соопштението на СДСМ.