СДСМ реагираше на прес конференцијата на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева која порача дека мандатарот Димитар Ковачевски нема кредибилитет  и легитимитет, особено не кога е се во прашање преговорите со Бугарија.

Очигледно ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Мицкоски не се добро запознаени со уставот и законите во земјава. Новата Влада не само што има легитимитет, туку има проширено и стабилно мнозинство во Собранието. Оттаму, Владата има полн легитимитет да ги носи сите одлуки и да ја спроведува владината програма во интерес на граѓаните и државата. Празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ се само недостаток на други аргументи, недостаток на политики, предлози, идеји од опозициската партија во која ништо не се променило, велат од СДСМ.