Нашата пејачка и харфистка Сара Мејс иако изминатиов период не можеме да ја видиме на сцената поради пандемијата на коронавирусите, сепак таа не ги заборава своите пријатели и обожаватели со кои постојано споделува моменти од приватниот живот.
Неодамна Мејс на својот инстаграм-профил сподели семејна фотографија. Заедно со нејзиниот сопруг Димитар и нивната преслатка ќерка Илина, но и исто толку важниот член на нивното семејство, миленичето Атос решиле да го искористат убавото пролетно време за да уживаат во природа.
„Само ние четворица“, напиша Сара во описот на фотографијата.
Под слатката фотографија се нижеа бројни коментари, меѓу кои и коментар од Марија од групата „Ај Кју“ која се пошегува „Кога ќе ве видиме петорица?“
Па Мејс набргу ѝ одговори „Откако ќе ве видиме вас тројца“, алудирајќи на Марија и Бојан од „Ај Кју“ кои се заедно, а неодамна се преселија да живеат во Лондон.