Паралелно со заедничката парламентарна седница на Албанија и Косово, со реакција се јави лидерот на албанската опозиција, Сали Бериша. Не штедеше зборови против премиерот Рама кого го обвини дека постојано забива ножеви во грбот на Косово.

Advertisements

„Денеска не можам да престанам да потенцирам дека во моментов на платформата на овој Парламент зборува еден од двата главни непријатели на постоењето на Албанците од основањето до денес. Еден од главните непријатели на Косово, светски познатиот човек како адвокат на својот шеф, Александар Вучиќ, човекот кој наместо да се залага за Косово, да ги брани неговите легитимни интереси, оди од самит на самит, лобирајќи за Вучиќ и за Малата Русија во срцето на Балканот – Србија. Еди Рама континуирано му забива нож во грбот на Косово. Тој се обиде да ги поништи неговите достигнувања, вклучително и сценаријата за раскинување со Александар Вучиќ. За да го оправда своето вазалство кон Вучиќ, тој на Вучиќ му се заканува со војна. Во сите овие ставови тој се покажува како опасен антиалбанец за албанската нација“, ијзави Сали Бериша, претседател на Демократската партија на Албанија.

Прикажи повеќе