Украина соопшти дека Русија го бомбардирала регионот Запорожје, дом на најголемата нуклеарна централа во Европа, каде неодамнешните борби ги зголемија стравувањата од атомска катастрофа. Во меѓувреме, САД предупредија дека Москва планира напади врз инфраструктура и владини објекти, што се совпаѓа со Денот на независноста на Украина утре. А, утре исто така се навршуваат точно шест месеци од почетокот на руската агресија врз Украина. Генералштабот на војската во Киев соопшти дека руските сили продолжиле да истрелуваат ракети и артилериски гранати врз украинските градови во близина на нуклеарната централа Запорожје. И украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјави дека Русија може да направи, како што рече, нешто многу сурово оваа недела. Дури и украинската разузнавачка служба предупреди и на можно зголемување на хакерски напади врз украинските сајтови на 24 август.
Алсат