Русија тајно дала повеќе од 300 милиони долари на политички партии и кандидати во десетици земји од 2014 година. Рускиот претседател Владимир Путин, се ангажирал во тајно политичко финансирање ширум светот, тврди висок американски функционер. Ова е заклучокот од извештајот на американското разузнавање во кое било анализирано руското финансирање во над 24 земји во изминатите неколку години. Албанија е една од нив.

Извор од американската влада тврди дека во Албанија, Русија ѝ дала половина милион долари на Демократската партија во 2017 година, преку фантом компании. Изворот не наведе повеќе детали за случајот со Албанија. Но, овие податоци се совпаѓаат со истрагите што тогаш беа отворени во Албанија против опозициската Демократска партија, врз основа на изјавите дека американската фирма за лобирање „Музин Капитол Партнерс“ известила дека парите ги добила за Демократската партија. Имено, лобистите во 2018 година пријавиле во Министерството за правда на САД дека примиле три исплати во вкупен износ од 675 илјади долари, за својата работа во корист на Демократската партија во 2017 година.

Освен Албанија, во извештајот се споменуваат и Босна и Херцеговина и Црна Гора. Станува збор за финансирањето на кампањата на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик за изборите во 2018 година, како и пари за проруската партија во Црна Гора, Демократски фронт. „Она што е најшокантно за оваа студија е тоа што гледаме присуство на тајно руско финансирање низ светот. Ги предупредуваме овие странски партии и кандидати доколку тајно прифатат руски пари, ќе ги соопштиме“, додаде тој.

Алсат

Прикажи повеќе