Во САД, во многу држави и области се одржуваат избори за Конгресот, кои се одлучувачки и за претседателските избори две години подоцна. Сe пополнуваат сите 435 места во Претставничкиот дом, 35 места во американскиот Сенат и 36 за гувернери. Републиканците ќе треба да освојат пет места за да добијат мнозинство во Претставничкиот дом и само едно за да го контролираат Сенатот. Анкетите предност даваат на републиканците кои имаат поголеми шанси да го освојат мнозинството во Претставничкиот дом, додека контролата на Сенатот се очекува да биде понеизвесна.Трката се очекува да биде тесна во десетици сојузни држави, а од клучните сојузни држави како Пенсилванија веќе најавија дека можат да бидат потребни денови за да се преброи секој глас. На Калифорнија вообичаено и се потребни недели за да се пребројат сите гласачки ливчиња, делумно затоа што гласачките ливчиња се бројат, дури и ако пристигнат неколку дена подоцна.

Демократите во моментов имаат тенко мнозинство во Претставничкиот дом. Сенатот го сочинуваат точно 50 демократи и 50 републиканци. Евентуалната победа на Републиканците би ја ограничила моќта на американскиот претседател Џо Бајден во преостанатите две години од неговиот мандат и би го отворила патот за можно враќање на експретседателот Доналд Трамп. Во предизборните митинзи, Бајден ја повика земјата да ја заштити демократијата, а Трамп дека повторно ќе ја најави својата кандидатура за преседател на изборите во 2024 година.

Алсат

Прикажи повеќе