Поранешната шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, Вилма Русковска повеќе не е обвинителка. Советот на јавни обвинители во четвртокот (23.11) едногласно го усвои предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за разрешување на обвинителката, откако против неа и уште две други обвинителки беше покрената дисциплинска постапка поради претресот во Управата за финансиска полиција и конфликтот со поранешниот директор Арафат Муареми.

„Одлуката на Советот на јавни обвинители е очекувана“, вели за ДВ разрешената обвинителка. Русковска најавува дека по одлуката за нејзино разрешување ќе ја започне постапката за пензионирање. Не планира да се жали на одлуката на Советот на јавни обвинители.

Целата вест на Дојче Веле.