Вилма Русковска објасни околу истрагата во Финансиска полиција. Русковска рече дека барале да им бидат доставени 250-300 предмети, но им биле доставени само триесетина, меѓукои повеќе непотребни.

„Во финансиската полиција не дојдовме до докази. Со претресот наведовме кои предмети треба да ни бидат доставени меѓу 250 и 300 предмети. Ни беа доставени 30, повеќето од нив не ни беа потребни. Немаше доставено ниту еден предмет од тие што ги баравме.“, рече Русковска.

Русковска кажа дека и било наредено предметот да го предаде на нејзина замена, но и таа била суспендирана.

„ Во решението за суспензија е наведено дека предметите да ги предадам на колегата мој прв заменик. Истата е од 15ти на годишен одмор, не е на своето работно место, не можев ниту предметите да ги распределам. Таа не може да ги работи, затоа што и против неа е поведена дисциплинска постапка, а секој обвинител кој би ги добил, не знам како би постапувал после ова што ми се случи“, вели Русковска.