Во понеделник Советот на јавните обвинители, ќе ја „решава“ судбината на обвинителката Вилма Русковска. Се очекува одлука за тоа каде ќе биде нејзиното работно место, бидејќи и заврши мандатот во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во меѓувреме истата е суспендирана.

„Ќе се вратам во Скопското обвинителство,од таму дојдов во организиран криминал ,така е според законот“, вели за Либертас Русковска.

Шеф на Русковска во Скопското обвинителство ќе и биде Гаврил Бубевски, а платата, ќе ѝ биде пониска од онаа што ја добиваше како шефица на одделот за организиран криминал.