Русија објави нова статистика за учество на, како што ги нарекуваат, странски платеници што се борат на страната на Украина. Меѓу земјите од кои во Украина доаѓаат „платеници“ е и Северна Македонија. Според листата што ја објави руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на страната на Украина се бореле 79 македонски државјани од кои убиени или елиминирани се 26, вратени се 21, а според податоците до 5 август, активни на фронтот се 32 лица од земјава.

Од македонското МНР велат:

– Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. Постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана.