Русија може да ѝ достави 100 милиони вакцини „Спутник ве“ (Спутник V) на Европската унија во вториот квартал од 2021 година, штом заврши основниот дел од масовната вакцинација во Русија, објави рускиот фонд за директни инвестиции на официјалниот профил на Твитер на оваа руска вакцина. Фондот потсетува дека вакцината е веќе регистрирана во 15 земји, дека е поднесено барање за регистрација во ЕУ и се очекува експертскиот процес да започне во февруари.
After completion of the main part of mass vaccination in Russia, RDIF can provide EU with 100 mln doses of #SputnikV vaccine for 50 mln people in Q2 2021 (subject to EMA approval). Sputnik V is registered in 15 countries and documents have been submitted for EMA rolling review. pic.twitter.com/27Ncwns24n
– Advertisement –
— Sputnik V (@sputnikvaccine) January 29, 2021
Светските медиуми проценуваат дека ЕУ е во голем проблем кога станува збор за планираната имунизација на жителите поради неиспорачување на претходно нарачани вакцини од компанијата АстраЗенека, поради што Брисел и управата на таа фармацевтска компанија биле во војна со денови. Дополнително и американскиот фармацевтски гигант, „Фајзер“ најави рестрикции во испораката за Европа.