Кремљ денес ги поздрави намерите на новиот американски претседател Џо Бајден за продолжување на американско-рускиот договор за контрола на нуклеарното оружје, Нов СТАРТ, но додаде дека Москва сака да види конкретни предлози од Вашингтон, пренесува Ројтерс.
Белата куќа вчера објави дека Бајден ќе побара петгодишно продолжување на сегашниот договор за контрола на оружјето што го имаат двете земји, кој истекува на почетокот на февруари, што е една од првите важни надворешно-политички одлуки на новата американска администрација.
– Advertisement –